Со пасош до бесплатен Wi-Fi во Јапонија

23

wi-fi tokio

Познато е дека странските туристи во Јапонија многу тешко можат да најдат бесплатна Wi – Fi мрежа. Причина за тоа е широката распространетост на мобилните широкопојасни врски за домашни корисници, со што бесплатниот Wi – Fi е целосно маргинализиран.

Овој проблем наскоро треба да се реши благодарение на новата иницијатива на јапонските власти што предвидува аеродромите, железничките станици, хотелите и други туристички места да бидат покриени со бесплатна Wi – Fi мрежа.

Туристите, доколку сакаат бесплатен Wi – Fi, можат да добијат лозинка и корисничко име само ако го покажат својот пасош на аеродромите или во туристичките информативни центри.

Слична ваква услуга спроведува најголемиот јапонски телекомуникациски оператор NTT (Nippon Telegraph and Telephone). На туристите им ставаат на располагање 45.000 hot spot места во источниот дел на Јапонија, што ги вклучува градовите Токио, Јокохама, Нагано.

Услугата може да се активира на истиот начин. Освен тоа што ќе ги добијат потребното корисничко име и лозинка за бесплатната Wi – Fi мрежа на NTT, добиваат и инсталација на јапонската апликација за патување NAVITIME, на нивните Андроид и iOS мобилни уреди.

За разлика од услугата на NTT, што е ограничена само за источниот дел на Јапонија и трае само две недели, со новата програма јапонските власти ќе настојуваат да ја унифицираат поддршката за бесплатна Wi – Fi мрежа на територијата на целата земја.

Оваа услуга се очекува да биде достапна до фискалната 2016 година, точно пред Олимписките игри што треба да се одржат во 2020 година во Токио.