Со пиво во светот на мажите – нова реклама на Златен даб

135

dab

Приказната од средниот век во Шкотска каде голема група жени се обидува да ги врати своите мажи дома е содржината на новата реклама за најдоброто македонско пиво Златен Даб. Откако не успеваат да пробијат во добро чуваниот замок, жените го користат најдобриот начин за да влезат во светот на мажите – пивото.

„Златен Даб е бренд кој им раскажува сосема поинаква приказна на своите потрошувачи. Се обидуваме постојано да изненадиме со интерактивни кампањи, со креативност, бидејќи овој бренд сака да им даде повеќе на своите потрошувачи. Сакаме на несекојдневен начин да ја раскажеме приказната за пивото, сосема подруг, повозбудлив начин од нашето секојдневие. Се покажа дека креативниот и инвентивен пристап, кога станува збор за Златен Даб се цени од потрошувачите и дека успеавме да направиме голем исчекор во тоа како не перципираат и што да очекуваат од Златен Даб. Високиот квалитет на пивото, поддржан од иновативен и интересен начин на комуникација дава одлични резултати”, изјави Александар Чатлески, бренд менаџер на Златен Даб.

Со рекламата на интересен начин е прикажана вечната борба меѓу мажите и жените, за слободата во врската, начинот на кој мажите се дружат со другарите, но и за нивната одговорност што ја имаат во домот пред своите девојки и жени. Златен Даб и овој пат ги поместува границите на креативната комуникација на брендот преку приказна за единственото пиво што ги руши табуата и границите меѓу различните светови.

Во овој најобемен рекламен проект снимен досега за македонски бренд, учествуваа повеќе од 200 статисти, со неколку продукциски екипи кои снимаа паралелно на повеќе локации.