Со такси превоз лани пренесени над 39 милиони патници

38

Во 2019 година, превезени се вкупно 39.072.000 патници, од кои 33.970.000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се превезени 5.102.000 патници, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Со истиот број возила се остварени вкупно 75.306.000 километри, од кои 65.715.000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 9.591.000 километри.

Со истражувањето за такси превоз се опфатени 2.296 патнички автомобили од 207 извештајни единици.

Фото: Pixabay