Собранието го донесе ребалансот на Буџетот за 2014

10

Собранието на пленарна седница вчера попладне го донесе ребалансот на Буџетот за 2014 година.

Ребалансот, според вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, се прави за да се усогласи динамиката на реализацијата на расходите, посебно во реализирање на инфраструктурните проекти.

Со овие измени се прави корекција и на приходната и на расходната страна која е помала од 2%, а е потребна за да се заврши годината онака како што се планираше со фискална дисциплина и задржување на главните параметри на фискалната политика во проектираните рамки.

Најголемата промена што се прави на расходната страна е заради обезбедува средства од 1,42 милијарди денари за иградба на Коридорот 10, односно автопатот Демир Капија – Смоквица.