Хакан Гул: Социјална одговорност во маркетинг – главен стимулатор за подобро општество

171

Хакан Гул партнер и шеф на Deloitte Digital во Турција, eден од говорниците на годинешниот фестивал Golden Drum, за читателите на Бизнис Инфо сподели неколку свои гледишта и информации. За улогата на маркетингот, за начинот на работа на компаниите во Турција, за социјалната одговорност и слично погледнете во продолжение.

Бизнис Инфо: Колку турските компании се фокусирани на нивните клиенти и какви стратегии користат за да им го претстават својот производ/услуга?

Турските компании се многу компетитивни и се обидуваат да изградат интернационални брендови во последните 20 години. Една од конкурентските предности е да се биде близу до целните пазари како европските, Блискиот исток и Комонвелтот. Услуги после продажба е област којашто компаниите најмногу ја третираат и тоа им помогна да станат успешни на конкурентните пазари. Од друга страна пак, со напливот на дигиталната трансформација сега производите и услугите се достапни преку дигитални канали и онлајн понуди. Кога ќе ги анализираме индустриите ќе забележиме многу различни и иновативни пристапи. Банкарството е една од водечките индустрии, по којашто следи продажбата. Сега уште неколку услужни индустрии го следат трендот – автомобилската, B2B производствените компании.

Бизнис Инфо: Според вас, дали компаниите се подготвени и дали имаат желба да соработуваат со стартапи? Од што најмногу стравуваат и кои се најголемите придобивки од оваа соработка? 

Во Турција бизнисите најчесто се под раководство на големите конгломерати, коишто имаат инвестиции во повеќе индустрии. Сега речиси сите од нив имаат сопствени старт – ап програми, инкубатори и Универзитети. Компаниите сакаат да соработуваат со стартапи, но не се подготвени да работат заедно со нив. Интелектуална сопственост, начин на поделба на приходите и слично се најчестите проблеми. Сепак и покрај тоа, бизнисите разбираат дека не можат да управуваат во средина што “брзо се движи“ и дека не можат самостојно да ги развијат бараните способности. На овој начин преку соработката со стартапи имаат големи бенефиции.

Бизнис Инфо: Каков тип на маркетинг најчесто се користи во Турција? Дали компаниите се отворени за промени или се “држат“ до стари и проверени трикови?

Како Deloitte, ги мериме инвестициите за рекламирање во медиумите во име на Advertising Association, Advertisers Association, IAB Turkey, Outdoor Advertising Association, National Radio Broadcasters Association и Mobile Marketing Association во Турција. Низ годините, иако вкупната бројка на инвестициите се зголемува, учеството на традиционалните канали се намалува, а за сметка на тоа се зголемува на дигиталните.

Бизнис Инфо: Колку е важен елементот на социјална одговорност во рекламирањето денес? Како рекламите можат да стимулираат позитивна промена во општеството?

Ние, исто така, имаме своја улога и во наградите за социјални медиуми во Турција коишто ги организира Marketing Türkiye и Boomsonar. Она што го гледаме е споделување и квалитет на компонентите на социјалната одговорност, коишто континуирано се зголемуваат во рекламирањето. За да допрат до срцето и очите на целната публика, компаниите ја користат социјалната одговорност како влијателна област.

Бизнис Инфо: Кој беше одлучувачкиот фактор којшто ве донесе во светот на рекламирањето? Што според вас е мисијата што вие лично треба да ја исполните?

Како консултант за дигитална трансформација она што можам да го забележам е преплетување на бизнисите, технологијата и креативноста. За да овозможиме дигитална трансформација се потпираме на моќта што ја има трансформацијата крај – до крај (комплетната трансформација). Ние ја замислуваме, испорачуваме и ја раководиме иднината.

Бизнис Инфо: Што за вас значат наградите што ги добивате за работата?

Наградите се резултати. Тие се индикатори на работата што ја работиме. Кога работата е вредна за гледање, слушање и повторно гледање, ја чувствувате страста и енергијата кон наградата. Самата награда е врвот!