Социјалниот бизнис како специфична форма на бизнис

697

Според таткото на социјалниот бизнис модел, добитникот на Нобелова Награда за Мир или Банкарот на сиромашните, тоа е бизнис каде што со помош на креативноста се решаваат проблемите на одржлив начин.

Дали поимите како социјално претпријатие, и социјално претприемништво кои доаѓаат и се иницирани од невладините организации се поистоветуваат со поимот на социјален бизнис. А кооперативата, општествено одговорниот бизнис, корпоративна општествена одговорност, Б-корпорациите?

Јунус вели дека не би сакал овие горенаведени поими да се изедначуваат со моделот на социјален бизнис чиј креатор е токму тој. Според него поимот социјално претприемништво и социјален бизнис се два сосема различни поими. Дури и добротворна иницијатива или бизнис иницијатива без личен профит, дури и оние во рамките на профитни активности не се исто со моделот на социјален бизнис.

Социјалниот бизнис е многу специфична форма на бизнис – тоа е non-loss, non dividend компанија со своја општествена (социјална) цел. Има слични цели на оние од некои социјални претприемачи, но специфичната бизнис структура на социјалниот бизнис прави да се разликуваат и ја прави единствена.

Прва компанија свесно изградена како социјален бизнис е Грамин Даноне.

За да биде одржлив мора да остварува профит, значи не смее да прави загуба, профитот е неопходен за раст и развој на компанијата.

Компанијата Grameen Phone, мобилен оператор од Бангладеш, е основана со модел на социјален бизнис, и воедно е најголемиот плаќач на ДДВ во земјата. Формирана во 1995 година со цел да се реши проблемот како корисниците на услугите на банката Грамин (грамин значи село), да ги испраќаат своите неделни извештаи за кои биле задолжени. Идејата била преку таканаречените телефон-дами од селата, тие да ги праќаат смс пораките со што почнале да се изнајмуваат телефонските услуги. Норвешкиот Теленор кој има свој влог во компанијата со своите истражувања од терен се противел на идејата за оператор во земја како Бангладеш со мислење дека нема да биде профитабилно, но и покрај тоа се согласиле за основање, како joint-venture.

Сопственици воедно се и членовите на Грамин Банката, кои од својот удел добиваат годишна дивиденда. На проблемот со недостапноста на мобилна мрежа во руралните средини не се гледало како на проблем, и да се чекало тоа да го направи владата. Од самиот проблем кој постоел направиле бизнис модел и тоа социјален бизнис модел со импакт, опфаќајќи неколку проблеми како: достапност до мобилна мрежа, телефон-дамите добиваат работа и почнуваат самите да заработуваат, со што стануваат независни, банката го решава проблемот со редовно известување до централата, членовите и корисници на услуги на банката добиваат годишна дивиденда. За скоро 25 години од своето основање до денес, државата го добива најголемиот плаќач на ДДВ во државната каса. Теленор го зголемува својот углед и реноме со своите СДИ (странски директни инвестиции).

Сега земјата има целосна покриеност со мобилна мрежа и оваа компанија е една од операторите. Низ годините се развиваа и други модели на социјален бизис, и има околу четириесетина социјални бизниси од фамилијата Грамин, Грамин Интел, Грамин Даоне, Грамин Веолиа ….

Фото: Pixabay