Главната предност на овој софтвер е што не се потпира на системот речник, односно на ограничен број на зборови, туку зборовите ги набљудува како звучни сигнали, ги разделува и претвора во пишан текст. На овој начин, долготрајното и здодевно чукање по тастатурата, кое многупати и ја убива креативноста, значително ќе ја подобри работата на новинарите кои отсега ќе можат од терен, во реално време да испратат говорно транскрипти, објаснуваат креаторите.
Овој софтвер е наменет, пред сè за медиумите, меѓутоа ќе најде своја примена и во судовите, општините и другите јавни органи, како и во институции и компании кои имаат секојдневна потреба за пишување текстови.
Софтверот ќе се најде на пазарот до крајот на годината, и според најавите ќе биде збогатен со неколку апликации.
Засега Дактилограф веќе има потпишано и преддоговор за користење на работната верзија на софтверот со подгорички Вести и црногорскиот центар за стручно образование.