Соланата во Улцињ на продажба за 179 милиони евра

24

solana

Стечајната управа на соланата Бајо Секулиќ во Улцињ објави вчера нов тендер за продажба на целокупниот имот по почетна цена од 179 милиони евра. До сега безуспешно се распишувани десет тендери за продажба, а на новиот цената е 11 милиони евра пониска од претходниот, пишува Вијести.

На продажба е недвижен и подвижен имот кој го сочинуваат земјиште, деловни згради, електроенергетски и објекти за вода и гасовод, канали, опрема, механизација и транспортни средства.

Писмените понуди можат да се достават најдоцна до 16 септември, а право на учество имаат сите компании и граѓани од Црна Гора и од странство кои ќе уплатат депозит за учество од 1% од почетната цена или ќе приложат банкарска гаранција на назначената вредност, неотповиклива и наплатлива на првиот повик.

Во 2005 година, поради долг од 13.000 евра, во компанијата е воведен програмиран стечај кој не даде резултати, па на почетокот на 2011 година е воведен класичен стечај. Владата во ноември 2011 година на соланата и ја одзеде концесијата на користење морска вода.