Solar roadways – Соларни панели го топат снегот од патиштата и го намалуваат загадувањето

71

solarni patista

Solar roadways се своевидни соларни панели по кои може да се пешачи или да се вози, а во исто време го топат снегот и ги намалуваат штетните гасови. Зад овој изум стои брачната двојка Скот и Џули, кои проектот го започнаа во 2006 година.

solarna pateka

Нивната главна цел е светот да биде побезбеден, а во исто време се грижат за животната средина. Во внатрешноста на “паметните“ соларни панели се вградени LED сијалици, што ја апсорбираат дневната светлина, што ја ослободуваат навечер. Истражувањата покажуваат дека LED маркерите на патот го намалуваат бројот на сообраќајни несреќи во вечерните часови за 70%.

solarna pateka navecer

Овој систем со соларни панели може да ги издржи и најтешките камиони. Може да се инсталира на патишта, паркинзи, тротоари, велосипедски патеки, игралишта. Освен безбедноста што произлегува од осветлувањето, Solar roadways го топи снегот и мразот од патот, а може да обезбеди заштита на подземните кабли.

solarni parkinzi

Оваа иновација предизвика голем интерес кај многу приватни инвеститори, па така на глобалната платформа Indiegogo беа собрани 2.241.996 долари.