Solar Squared, стаклени блокови што генерираат соларна енергија

56

blok

Фото: Build Solar

Научници од британскиот Универзитет Ексетер направија стаклени блокови во коишто се вградени мали соларни ќелии. Овие стаклени блокови, освен што генерираат енергија, исто така обезбедуваат и топлинска изолација и овозможуваат природната светлина да влезе во домовите.

Наречени Solar Squared, во блоковите за време на производствениот процес се вградени низа оптички елементи коишто ја насочуваат сончевата светлина во малите соларни ќелии.

Професорите Тапас Малик и Хасан Баиг заедно со менаџерот за комерцијализација Џим Вилијамс се надеваат дека нивниот производ ќе направи револуција во градежната индустрија, пишува Inhabitat.