SolPad – сончева панелка што двојно ја намалува потрошувачката на струја

42

solpad-home.jpg.662x0_q70_crop-scaleSunCulture Solar, старт – ап од Калифорнија, го претстави својот изум SolPad, сончева панелка чија намена е да произведе чиста сончева енергија и двојно да ги намали трошоците во домот, пишува Treehugger. Таа е опремена со акумулатор и инвертер и може да работи самостојно по потреба, поставена пред вашиот дом или да биде дел од моќна низа од неколку вакви уреди.

Стартапот планира да понуди серија вакви производи базирани на SolPad, вклучувајќи и лесно транспортна панелка што може да се поврзе со надворешен извор на енергија од куќата и SolPad Home, панелка за на покрив. Нивната технологија е побезбедна од другите стандардни литиум – јонски батерии, траат подолго и имаат поширок работен температурен опсег. Инвертерот овозможува панелката да работи на сончева, но и на електрична енергија, во зависност од временските услови.

Преку софтверот SolControl, компанијата ќе ги советува корисниците како и кога можат да заштедат енергија и слично. Корисниците преку апликација ќе можат да одлучат кои уреди од домот ќе ја користат акумулираната сончева енергија од SolPad.

SolPad, исто така, обезбедува и интернет хот спот што би било многу од корист за оние што ја користат панелката надвор од мрежно поврзување или во далечни локации. Стартапот планира да го стави SolPad и останатите производи на пазарот во втората половина на 2017 година.