SolSource Sport: Скара што готви на сончева енергија

61

skara

Фото:  One Earth Designs

Компанијата One Earth Designs од Сан Франциско направи скара што ја користи сончевата енергија за да се приготви храната. SolSource Sport скарата, којашто изгледа како сателитска чинија, се поставува за пет минути насочена кон сончевата светлина и може да постигне температура од 200 степени Целзиусови. Тежи само 4,5 килограми и има висина и ширина од 80 сантиметри, пишува New Atlas.

Скарата може да подготви оброк за десет минути и се загрева пет пати побрзо од стандардната скара за којашто се користи оган. Креаторите на овој изум велат дека храната може да се приготви кога е облачно и има малку сонце.

Овој проект е поставен на платформата за групно финансирање Kickstarter каде треба да собере 20.000 долари, а досега се собрани 99.800 долари. SolSource Sport во претпродажба може да се купи за 149 долари, додека регуларната цена кога ќе се најде во продажба ќе изнесува 249 долари.