Солун добива електрични скутери што може да се изнајмат

24

Фото: Facebook

Жителите на Солун ќе бидат првите од еден медитерански град што ќе можат да патуваат низ градот со помош на изнајмени електрични скутери, пишува Greek reporter.

Патниците и туристите, како што се наведува, лесно ќе можат да ги лоцираат и отклучат скутерите со помош на апликација на нивние мобилни телефони. Скутерите ќе може да се отклучат за едно евро и ќе имаат мала доплата од 15 центи за секоја минута возење. Скутерите имаат вграден GPS, wi – fi и технологија што им овозможува лесно заклучување, а може да се паркираат на било кое место во градот.

Скутерите се движат со брзина од 25 километри на час и користат енергија од батерија што се полни.

Овие “зелени“ скутери се овозможени од транспортната компанија Lime, којашто веќе е присутна во 140 градови во светот. Компанијата го одбра Солун за да ја претстави својата работи во земјите од Медитеранот.