Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и релативно топло. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, меѓутоа во одделни области особено долж Повардарието, во Пелагонија и во осоговскиот регион, како и на повеќето повисоки места и на планините ќе дува засилен јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 14 до 21 степен.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, како и со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе достигне до 20 степени.
Во наредните денови ќе продолжи променливо облачно време со повремени сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Температурата ќе има тенденција на опаѓање, а пообилни врнежи се очекуваат во втората половина од неделата, односно в четврток, а в петок се очекува во некои делови и на повисоките места да има и врнежи од снег.