Сончев и ветровит ден

41

Во текот на денот, времето во Македонија ќе биде претежно сончево и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Ветерот во некои области ќе достигне брзина и до 20 километри на час. Утринските температури се движат од минус 3 до плус 7 стeпени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 10, односно до 18 степени.

Во Скопје во утринските часови има појава на магла, но во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне до 15 степени.