Сончево и многу топло

25

sonce-3-pexels

Фото: Pexels

Времето во Македонија ќе биде сончево, во попладневните часови ќе има појава на умерена локална облачност, особено на планинските делови.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 30 до 37 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 35 степени.

Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува осум.

До петок ќе се задржи претежно стабилно и многу топло време со температури помеѓу 30 и 37 степени.