Сончево и топло

15

Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Утринските температури ќе се движат од два до 11 степени, а максималните дневни температури ќе се движат од 19 до 27 степени.

Во Скопје во текот на денот ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне до 25 степени.