Сончево и топло, попладне дожд

14

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност претпладне, попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици во источните, северозападните, западните и југозападните предели.

Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури се движат од 12 до 20 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 25 односно до 34 степени со УВ индекс 7.

Во Скопје во попладневните часови се очекува наоблачување и можен дожд. Утринската температура е до 14 степени, додека максималната дневна ќе биде до 27 степени.