Сончево и топло, попладне пороен дожд

13

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Во утринските часови ќе има појава на слаба магла по котлините, а попладне кон крајот на денот ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи, особено во северниот дел на земјата. Утринската температура ќе се движи од пет до 13, а дневната од 18 до 27 степени.

Во Скопје и околината слично време, со краткотраен пороен дожд кон крајот на денот. Температура до 24 степени.