Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Утринската температура ќе изнесува меѓу 11 и 22 степени, а дневната од 31 до 38 степени.
Во Скопје ќе биде сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Утринската температура ќе достигне 19, а дневната ќе биде 37 степени.