Сончево со мала до умерена облачност, Скопје магливо

13

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Дневните температури ќе се движат од седум до 17 степени.

Во Скопје и околината облачно и магливо со температура до осум степени.