Сончево со мала локална облачност

18

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. По оделни котлини ќе има магла, особено претпладне. Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од пет до 10 степени.

Во Скопје слично време со температура до осум степени.

Промена на времето се очекува во недела, кога ќе дува умерен југоисточен ветер и ќе има локални врнежи од дожд.