Сончево со температура до 16 степени

17

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, претежно северен ветер. Дневната температура ќе се движи од девет до 16 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност во попладневните часови и температура до 13 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, во следните денови ќе преовладува претежно сончево време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.