Сончево со температура до седум степени

18

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со локална облачност, но со значително пониски температури. Во утринските часови има појава на мраз, а во текот на денот ќе дува умерен ветер со променлив правец. Утринските температури се движат од минус 8 до минус 2 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до еден до седум степени.