Сончево со температури до 31 степен

23

sonce-2-pexels

Фото: Pexels

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне особено во западните и северните делови ќе има локален краткотраен дожд и можност за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната од 23 до 31 степен.

Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне особено во вечерните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд. Преку денот ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 29 степени.