Времето во Македонија ќе биде претежно сончево, ветровито и посвежо, ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер наместа со брзина и до 25 километри на час.
Утринските температури се движат од 10 до 19 степени, а максималните дневни температури ќе се движат од 25 до 34 степени со УВ индекс 7.
Во Скопје ќе биде претежно сончево и ветровито, ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура е од 16, а максималната дневна температура ќе достигне до 30 степени.
Слично време со сонце, ветровите и дневни температури до 34 степени се предвидува и за претстојниот викенд.