Сончево со умерена облачност

13

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а на места повремено облачноста ќе се зголемува. По одделни котлини со слаба магла. Кон крајот на денот ќе има услови за локален дожд во западните делови. Ќе дува умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од шест до 15 степени, а во Скопје до 11 степени.