Сончево со умерена облачност и температура до 35 степени

23

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Кон крајот на денот и во јужните делови од земјата ќе има услови за нестабилност со појава на пороен дожд и грмежи.

Дневните температури ќе се движат од 23 до 35 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 33 степени.