Sony ќе креира такси возила со вештачка интелигенција

25

sonyФото: Facebook

Јапонската компанија Sony најави револуционерни промени во начинот на којшто функционираат такси возилата во Јапонија. Со оглед на тоа дека оваа држава се смета за потенцијално профитабилен пазар за возилата, а регулаторите се под притисок да ги олеснат строгите правила, Sony ќе креира систем за возење базиран на вештачката интелигенција, пренесува Reuters.

Засега, на таксистите кои немаат лиценца им е забрането да нудат такси услуги поради безбедносни причини, а такси компаниите функционираат исклучиво преку мобилни платформи. Затоа, Sony планира да изгради нова платформа во којашто ќе вклучи и неколку домашни такси компании.

Сè уште не е познато како ќе функционира платформата, но, интересот за неа уште сега расте. Веќе неколку азиски гиганти најавија дека ќе ја поддржат иновацијата на Sony, нудејќи им ги своите услуги.