Sony претстави гигантски телевизор што зафаќа два ката

27

Најновиот телевизор на Sony е мега издание чиишто димензии изнесуваат 19,2 метри ширина и 5,4 метри височина. Освен импресивната големина, телевизорот има 16K резолуција и ги вклучува и последните технологии на Sony MicroLED и Crystal LED.

Екранот има многу поголема светлина отколку онаа кај OLED телевизорите, 16 пати повеќе пиксели од 4К телевизор и 64 пати повеќе од регуларен 1080p телевизор, пишува BBC.

Јасноста на сликата до најситни детали овозможува гледање на телевизорот и одблизу.

Првиот телевизор со 16K MicroLED дисплеј го купи козметичката групација Shiseido и е изложен во нејзиниот истражувачки центар во Токио на првиот и вториот кат.

Фото: Facebook