Сообраќајот се одвива по влажни коловози, без забрани и застои

14

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во Републиката се одвива по местимично влажни коловози, без забрани и застои. На повисоките и осојничави места поради ниските температури можни се подмрзнувања на коловозот.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата, прилагодена брзина на отежнатите услови, како и да се одржува поголемо растојание помеѓу возилата. Особено да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Од 15.11 2013 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15.03. следната година. За потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на патниот правец А-1, делница Неготино-Демир Капија, од 27.11.2013 ќе се започне со геодетски активности за што е потребно да се воведе времена измена на режим на сообраќај и за истата ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Времетраењето на измената ќе биде 2 месеци односно до 27.01.2014г. Работите ќе се изведуваат во временски период од 07:00 до 17:00 часот, додека пак сообраќајната сигнализација за времена измена на режим на сообраќај е поставена 24 часа на трасата.
На пат. правец Струмица- Раброво (Р1401) ќе се изведуваат работи на пат (асфалтирање) на целата широчина на коловозот во период од 10-14ч., во наредните неколку дена, поради што сообраќајот ќе се одвива по алтернативни патишта.
На патните правци Кочани – брана Калиманци (А3) и М. Каменица – Делчево (А3) се врши надоградба на асфалтната подлога и санација на риголите, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива непречено, а се очекува градежните работи да потраат до средината на декември.
Tеренските активности (геодетски и геомеханички истраги) кои се во тек долж патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово (во двата правци) односно од наплатна станица Миладиновци до крај на стариот автопат-клучка Кр.Паланка, во периодот од 25.11 до 30.11 ќе се изведуваат на потегот од Агино село кон Миладиновци. Работите ке се изведуваат во период од 07:00 до 18:00 часот, додека сообраќајната сигнализација за времен режим на сообраќајот ќе биде поставена 24 часа на горенаведениот дел од трасата.
На пат. правец Маврови Анови – Дебар (Р1202) се изведуваат градежни работи на санација на Мелнички мост во близина на Дебар. Поставена е соодветна патна сигнализација, сообраќајот се одвива непречено, но се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
На патниот правец Велес – Кадрифаково се изведуваат градежни работи, кои во првата фаза се: од клучка Велес крај на трета лента (депонија Велес) до Лозово, Сарамзалино.
Возачите ги предупредуваме да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.
Патниот правец Р2 332, Охрид- Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево се затвора за сообраќај на сите возила од 15.11.2013 до 31.03.2014год.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.