Сообраќајот на државни патишта во републиката се одвива по претежно влажни коловози. Врнежи од слаб дожд има во Дебар, Струмица, Гевгелија и Удово.
Појава на магла со видливост од 100 до 150 метри има на патните правци Тетово – Скопје, Тетово – Јажинце и Куманово – Крива Паланка, со видливост до 100 метри на Стража и во Гевгелија, додека со видливост до 50 метри на Буково, Плетвар, Кула и Павлешенци.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Од 15.11 2013 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15.03. следната година.
За потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на патниот правец А-1, делница Неготино-Демир Капија, од 27.11.2013 започнаа геодетски активности за што е воведена времена измена на режим на сообраќај и за истата е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Времетраењето на измената ќе трае до 27.01.2014 г. Работите се изведуваат во временски период од 07:00 до 17:00 часот, додека пак сообраќајната сигнализација за времена измена на режим на сообраќај е поставена 24 часа на трасата.
Сообраќајот на магистралниот пат А-3 Делчево-М.Каменица, во времето од 08,00 до 16,00 часот, поради реконструкција на патот,се одвива наизменично во повремени периоди од 15 минути.
Продолжуваат теренските активности (геодетски и геомеханички истраги) кои се во тек долж патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово (во двата правци) односно од наплатна станица Миладиновци до крај на стариот автопат-клучка Крива Паланка. Извршена е времена измена на режимот на сообраќајот од исклучок за клучка Рафинерија, до исклучок за Скопје кај клучка Миладиновци, во должина од 2000метри, при што сообраќајот се одвива по десната сообраќајна лента во правец на Скопје. Под времен режим на сообраќај ке биде и самата рампа од клучката Миладиновци, односно исклучокот кон Скопје.
Работите ќе се изведуваат во период од 07:00 до 18:00 часот, додека сообраќајната сигнализација за времен режим на сообраќајот е поставена 24 часа на горенаведениот дел од трасата.
Асфалтерските работи на патниот правец Струмица (Костурино) – Раброво (Р1401) се завршени. Во следните денови ќе се одвиваат завршни активности по страничните делови на коловозот, поради што во периодот од 10:00 до 14:00 часот, сообраќајот повремено ќе се одвива со наизменично пропуштање на возилата.
На патните правци Кочани – брана Калиманци (А3) и М. Каменица – Делчево (А3) се врши надоградба на асфалтната подлога и санација на риголите, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На магистралниот пат М. Каменица – Делчево (А3), во времето од 08:00 до 16:00 часот, сообраќајот се одвива наизменично во повремени периоди од 10-15 минути.
На патниот правец Маврови Анови – Дебар (Р1202) се изведуваат градежни работи на санација на Мелнички мост во близина на Дебар. Поставена е соодветна патна сигнализација, сообраќајот се одвива непречено, но се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
На патниот правец Велес – Кадрифаково се изведуваат градежни работи, кои во првата фаза се од клучка Велес, крај на трета лента (депонија Велес) до Лозово, Сарамзалино.
Возачите ги предупредуваме да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.
Патниот правец Р2 332, Охрид – Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево се затвора за сообраќај на сите возила од 15.11.2013 до 31.03.2014год.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.