Сообраќајот тековен по суви коловози

3

Сообраќајот на патиштата во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози. 

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, како што се патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони. 

АМСМ ги предупредува возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини и покрај зголемената фреквенција на возила, задржувањата се до 15 минути. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.