Сопругата на Коби ќе ја тужи компанијата што го изнајми хеликоптерот

124

Сопругата на Коби Брајант, кој минатиот месец загина во хеликоптерска несреќа, ја тужи компанијата што го изнајмила хеликоптерот, пишува CNN.

Во тужбата се наведува дека на Island Express му било дозволено да лета само по визуелни правила за летањето, а условите на денот на несреќата не биле такви. Исто така, се наведува дека пилотот Џорџ Зобеин возел 180 километри на час во услови на густа магла. Зобеин во 2015-та година бил под дисциплинска постапка поради кршење на минимални визуелни правила на летање.

Освен тоа, во тужбата се тврди дека хеликоптерот не е безбеден, иако не се кажува што точно било несигурно. Тоа може да биде основа за тврдењата дека хеликоптерот немал сертификат за летање по лоши временски услови.

Иако во тужбата не се наведува износ, се верува дека би можела да биде и неколку милиони долари.

Фото: Facebook