Сопствениците на македонските компании ќе се запознаат со германскиот пазар

11

Стопанската комора на Македонија денеска ќе организира презентација за продажба и маркетинг на меѓународните пазари, на која посебен акцент ќе се стави на пазарот во Германија. Целата на овој вид на презентации е да се поттикнат македонските компании да ги прошират своите извозни активности преку користење на соодветни алатки за унапредување и зголемување на извозот.
Свое излагање пред македонските стопанственици за време на презентацијата ќе има и германскиот експерт Хато Бренер, кој е основач на консултантската компанија AWI International Services GmbH.