Сопственик на фабрика ги плаќа повеќе работниците кои читаат

36

Директорот и коосновач на фабрика за градежни материјали од Италија, одлучил да ги награди своите работници кои читаат книги, пренесува Corriere della Serra.

Данило Дад, директор на фабриката, е основач на читачкиот клуб на работници – ѕидари, а оние кои ќе прочитаат книга и ќе ја претстават на членовите на клубот, добиваат награда од стотина евра. Наградата се удвојува со секоја следна прочитана книга.

Тој тврди дека дека на идејата дошол бидејќи и самиот е пасиониран читател од мали нозе и на тој начин сака да придонесе за културен развој, но и професионален напредок на своите вработени.

Фото: Freepik