Сопственик на пекара нуди плата од 1.000 евра и бесплатен стан

143

Сопственик на пекарница во Белград нуди плата од 1.000 евра на мајстор пекар. Како што се наведува во огласот, покрај платата се нуди и бесплатен стан и се наведува дека станува збор за ноќни смени.

Како што рекоа од пекарата, за Бизнис Телеграф, комплетниот мајстор е секогаш добро платен.

“Тоа не е мамка. Потребни ни се и двајца пекари, само за сомуни, но за нив е одредена нешто помала плата, од 90.000 динари (765 евра)“, изјавија за Телеграф.

На листата на најнепожелни занимања во училиштата се води мртва трка меѓу месари или пекари, а и кројачите не заостануваат многу. Со години, учениците покажуваа мал интерес за тригодишно школување, иако се покажа дека добриот занает вреди злато.

Затоа не е изненадувачки што проблемот во пекарската индустрија е недостатокот на работници веќе некое време. Србија нема доволен број квалитетни работници, а оние што знаат да работат одат во Германија, затоа бараат работници во секоја пекарница, рекоа од Сојузот на пекарите на Србија.