Сосема ново и необично овошје ќе го освојува европскиот пазар

70

Посебен вид на диња со вкус на лимета наидува на голема популарност на европскиот пазар.

Холандската компанија HillFresh на европскиот пазар од Азија донесе нов вид на овошје под името limelon. По изгледот потсетува на диња, има висок процент на шеќер, но не е премногу слатко, поради комбинација од вкус на лимета, пренесува Fheshplaza.

Токму поради комбинацијата од диња и лимета, ова ново овошје го доби името limelon (lime & melon).

“Минатата година во Шпанија за прв пат почнавме да го одгледуваме ова овошје и реакциите на купувачите беа толку добри што одлучивме да го зголемиме бројот, што значи дека ова лето ќе имаме на располагање поголема количина за продавање“, вели Гертен ван Луткузен, директор на компанијата HillFresh.

Ова овошје е богато со бетакаротен и силен антиоксиданс којшто има делотворно дејство врз здравјето на луѓето. Освен тоа, има и рок на траење од четири недели, што е двојно повеќе од рокот на траење на обичните дињи.

Фото: Freepik