Состојбата на претпријатијата во четвртиот квартал од 2012 оценета како поповолна

19

ddv1Оценката на раководителите на деловните субјекти е дека економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во четвртото тримесечје од 2012 година е понеповолна во однос на третото тримесечје од истата година, а поповолна во однос на четвртото тримесечје од 2011 година.

Државниот завод за статистика соопшти дека раководителите ја оцениле нивната финансиска состојба во четвртото тримесечје од 2012 година како понеповолна во однос на третото тримесечје, а очекувањата за економската состојба во наредниот период се понеповолни во однос на претходното тримесечје. Според нив, количината на залихите во текот на четвртото тримесечје од 2012 година е зголемена во однос на третото тримесечје.

Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период се малку понеповолни, како и очекувањата за бројот на вработените во однос на третото тримесечје од 2012 година. Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во четвртото тримесечје од 2012 година забележале зголемување во однос на третото тримесечје.

Во четвртото тримесечје од 2012 година, во споредба со претходното тримесечје, оценката за очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци е дека ќе се намалат.

Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на четвртото тримесечје од 2012 година, имале слабата побарувачка на купувачите со 34,3%, зголемената конкуренција со 17,4% и зголемената понуда на пазарот со 14,3%.