Soup Culture – супа во чаша што може да се јаде

232

Кирило Пузенко и Олег Герасимов од Украина стојат за франшизата Soup Culture, што подразбира супа за носење во чаша што може да се јаде, пренесува Franchising.rs.

Една порција на сервирана супа во чаша што може да се јаде тежи околу 400 грама и е здрав оброк, бидејќи супите се прават само од зеленчук, без месо и јајца.

“Не беше едноставно да се дојде до финален производ, бидејќи беше потребно време да се направи машина за производство на чаши што може да се јадат. Неколку наши пријатели ја осмислија машината, но нам ни беше тешко да најдеме производител што би направил само еден прототип, бидејќи за повеќе немавме пари. Денеска нашите машини се произведуваат во Полска и тоа за целата наша мрежа на франшизи“, вели Герасимов.

Нивниот бизнис започнува во 2014 година, а во првата интернационална франшиза ја продале во 2016 година во Полска.

Soup Culture денес е присутен во седум земји преку франшиза и тоа во: Украина, Белорусија, Полска, Словачка, Чешка, Австрија, Грузија и Русија и поседува повеќе од 20 франшизни единици. Неколку такви единици во моментот се во фаза на отворање во Шведска, Норвешка и Ирска.

За започнување на овој гастро концепт потребни се околу 25.000 евра. Тоа е износ што ги покрива сите трошоци за уредување и опремување на простор од околу 20 метри квадратни, како и трошокот за лиценца за франшиза.

Фото: Facebook