Совет од Јелена Ѓоковиќ: Променете ја работата што ве одвојува од семејството

285

Јелена Ѓоковиќ, сопруга на српскиот тенисер Новак, и директорка на Фондацијата Новак Ѓоковиќ, во телевизиско гостување дава значаен совет, пренесуваат српските медиуми.

“Многу ги сакам младите луѓе, особено оние кои се освестени, кои знаат што сакаат и кои се борци за нашите права. Тие треба да влијаат работните позиции што ги одвојуваат семејствата и кои траат повеќе часови да бидат поинакви, да станат поздрави и квалитетот на животот да им биде приоритет. Сакам кога такви луѓе го менуваат пазарот на труд“, вели таа.

Според нејзе, младите во Србија не се доволно мотивирани кога постојано им се вели: “молчи“, “седи“, “стекни искуство“… што не е соодветен начин за да можат младите да напредуваат, но и да имаат енергија и желба да работат.

“Немојте да се изгубите во потрагата по пари, слава и титули, туку бидете автентична верзија на себе“, порачува Јелена Ѓоковиќ.

Нивната фондација на крајот на овој месец организира конференција под името Оригинални разговори на која повеќе од 250 млади луѓе ќе имаат прилика да се запознаат со процесот на интервју за работа и да го најдат првото вработување во една од 45 компании од земјата и регионот.

Фото: Facebook