Советот на Ворен Бафет за младите претприемачи

218

Ворен Бафет има еден совет што со години не го менува кога станува збор за младите претприемачи.

Мега успешниот претприемач и филантроп зад себе има премногу искуство во претприемачките води и стои на чело на еден огромен холдинг, Berkshire Hathaway.

На прашањето – што ќе ги посоветувате младите луѓе кои сакаат за започнат сопствен бизнис и да станат успешни, Бафет вели дека важно е со какви луѓе сте опкружени.

Бидете во друштво на луѓе подобри од вас, поуспешни и попаметни, луѓе чиешто однесување е подобро од вашето.

Кога сте со вакви луѓе и вие станувате како нив. Ако сакате да имате успешна кариера, опкружете се со индивидуалци од чиишто навики ќе можете да учите и да апсорбирате знаење коешто паметно ќе го примените.

Кои се тие луѓе?

Тоа се луѓето кои живеат според свои вредности, луѓето кои го работат тоа што го сакаат и луѓето кои активно ги слушаат своите соговорници.

Бафет потенцира дека доколку ви е поважно да бидете најпаметниот во друштвото, напредувањето во кариерата ќе биде речиси невозможно.

Фото: Facebook