Фото: Pixabay
Доколку работите од понеделник до петок, тогаш сигурно со душа го чекате викендот, за да се здивнете и да се опуштите. Подолу прочитајте неколку трикови како да уживате во двата дена предвидени за одмор, без да размислувате за работата и тоа што го оставивте во вашата канцеларија.
Практикувајте спорт или некоја слободна активност во природа, на отворен простор или во посебен дел од домот. На тој начин, ќе знаете дека треба да го испланирате време за оваа активност и нема да посегнете по мобилниот телефон или да пуштите компјутер за да проверите мејл.
Не ги заборавајте блиските, организирајте семеен ручек или вечера. Храната нека биде причина да ги соберете вашите блиски, за кои можеби немате доволно време во текот на неделата. Евоцирајте спомени, присетете се некој убав семеен настан, прашајте ги блиските што им се случува, дали имаат некој проблем или искуство што ќе сакаат да го споделат со вас.
Прошетка во природа, добра книга, интересен филм, квалитетно вино… Овие активности би можеле да ве опуштат, да не размислувате што ве очекува на работа. од една страна, ќе може да уживате во омилениот ритуал, а од друга страна ќе се опуштите и ќе соберете доволно сила за неделата што претстои.
Квалитетниот сон е многу важен да бидете одморени, порасположени, па затоа искористете го слободниот викенд да поспиете макар половина час повеќе. Исклучете го алармот за будење, пуштете музика, сварете вкусно кафе, појадувајте… Ако вака ви започне викендот, ќе имате причина за уживање.
Доколку зад себе сте имале исполнет, среќен викенд, ќе бидете позитивни, расположени и подготвени за “тешкиот“ понеделник.