Создаден прашок што може да ги апсорбира штетните СО2 гасови

62

Фото: Pixabay

Научници од Универзитетот во Ватерлу создадоа прашок што би можел да ги апсорбира CO2 гасовите од фабриките и електраните, пишува Science daily.

Прашокот, којшто е создаден во лабораторија на професорот по хемиски инженеринг Жонг Чен, може да го филтрира воздухот и да ги отстрани штетните гасови во објекти што се напојуваат од фосилни горива уште пред да бидат ослободени во атмосферата.

“Ова ќе станува многу важна тема во иднина. Треба да најдеме начин да се справиме со емисијата на СО2 создадена од согорување на фосилните горива“, вели професорот Чен.

Техниката што ја развиваат овие научници користи топлина и сол за екстракција на остатоците од штетните гасови.