SpaceX на Месечината испраќа сателит финансиран со криптовалута

Компанијата SpaceX на Илон Маск следната година во Месечевата орбита ќе лансира сателит којшто во целост ќе биде финансиран со криптовалутата Dogecoin.

“SpaceX ќе лансира сателит на Месечината следната година, а мисијата ќе биде финансирана со Dogecoin“, напиша Маск на Twitter.

На интернет страницата на канадската компанија, Geometric Energy Corporation, којашто е сопственик на сателитот, наведено е дека ќе биде лансиран во првиот квартал од 2022-ра година, со помош на ракетата носач Falcon 9.

Испраќањето на сателитот компанијата ќе го изведе со помош на комерцијалната програма за лансирање вселенски летала што ги нуди SpaceX, а вредноста на бизнисот не е позната.

Фото: Pexels