Специјален пакет на опрема од Audi во чест на 25 години RS

26

“Нашминкани“ се моделите TT RS Coupe, RS 4 Avant,RS 5 Sportback и Coupe, RS 6 Avant и RS 7 Sportback. Овој специјален пакет за 25-годишнината засега е понуден во Германија и некои европски земји.

2019 година беше навистина зафатена за спортското RS одделение на Audi, ако се земе предвид големиот број на лансирани модели, а некои од нив беа и новитети во линијата како RS Q3 Sportback и RS Q8. За да се одбележи четврт век од почетокот, Audi претстави специјален “роденденски“ пакет како “скроен“ за некои RS модели.

Успешната приказна на RS одделението започна со моделот RS 2 Avant којшто дебитираше во 1994 година. Во меѓувреме RS стана еден од заштитните знаци на Audi.

Anniversary package 25 years of RS се истакнува со екстравагантната Nagaro сина боја со бисерен ефект и моќен пет-цилиндричен агрегат со 315 КС. Исто така, достапни се и Mythos црна, Nardo сива и Glacier бела боја.

Екстериерот комбинира детали од брусен алуминиум и сјајна црна боја (ретровизорите, Audi и RS знаковите и задниот спојлер на TT RS моделот), додека од вратата на тлото се проектира бројот 25. Исто така, тука се и двобојните тркала. Ентериерот е инспириран од легендарниот RS 2, доминира црната боја со кобалт сини детали на прекривката од Алкантара.

Цената на овој специјален пакет во Германија за TT RS изнесува 9.350 евра, за RS 4 Avant, RS 5 Coupe и Sportback е 10.900 евра, а 14.500 евра за RS 6 Avant и RS 7 Sportback.

Преземено од Avtoplus.mk