Спогодба за економската соработка меѓу Стопанските комори на Македонија и Косово

11

Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Косово ќе имаат Спогодба за поттикнување на економската соработка. На оваа Спогодба, денеска во Скопје свои потписи ќе стават нивните претседатели Бранко Азески и Сафет Герџалиу.

Стопанската комора на Македонија во своите простории денеска ќе официјализира и Договор за соработка со Стопанската комора на северозападна Македонија, кој треба да го потпишат претседателите на двете комори Бранко Азески и Мендерес Кучи.

Целта на овој договор е промовирање на натамошниот развој и зајакнување на постојната соработка во областите од заемен интерес, заради заедничко унапредување на работата на коморите.