Спој на два големи јубилеја – 130 години Тиквеш и 55 години Охридско лето

19

tikves

Винарската визба Тиквеш е еден од ексклузивните спонзори на годинешното јубилејно 55-то издание на Охридско лето. На годинешното издание на Охридско лето љубителите на културата ќе можат да уживаат во богатата културна програма, зачинета со врвните вина на Тиквеш.

Свеченото отворање на годинешното издание на Охридско лето се одржа вчеравечер, на 12 јули, а фестивалот ќе биде затворен на 20 август.

Винарската визба Тиквеш која годинава обележува 130 години од своето постоење е долгорочно определена за промоција на докажани вредности кои имаат значење за заедницата, поддржувајќи културни манифестации како што се Скопскиот џез фестивал, фестивалот Браќа Манаки, Скопскиот филмски фестивал, претставувања на македонски уметници во Македонија и во странство и настапи на значајни странски уметници во нашава земја.