Спорт Вижн отвори продавница во Штип

114

IMG_7549

Под мотото „Поентата е во изборот“, успешната приказна на интернационалниот ланец Спорт Вижн продолжува во Македонија. По Скопје, Битола, Струмица, Тетово, и градот Штип може да се пофали со новата продавница која вчера беше отворена, со голема забава со диџеј и многу изненадувања за сите посетители.

„Интернационалниот ланец за продажба на спортски обувки, облека и опрема за сите возрасти кој е лидер на Балканот и лиценциран диструбутер на повеќе од 40 реномирани спортски брендови, освен во Скопје, Тетово, Битола и Струмица, отсега го нуди најголемиот избор на спортска опрема и во Штип. Во простор од 300 м2, отсега и Штипјани ќе имаат можност да ги изберат омилените брендови на патики и спортска облека и опрема за фитнес. Насмеани лица и одлична услуга е она што е целта на нашата екипа“ велат од Спорт Вижн.

Спорт Вижн е приватна компанија која постои повеќе од 20 години, регионално присутна во БиХ, Србија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Албанија и Косово, а од октомври 2012 година и во Македонија. Силниот корпоративен идентитет, конкурентни цени, широкиот асортиман, повисоки критериуми и нови стандарди во услугата, се само дел од препознатливите страни на овој мулти-бренд концепт.