Спортски автомобил достигнува 350 километри на час, а се движи на солена вода

71

avtomobil solena voda

Спортските автомобили ретко можат да се пофалат со еколошки мотори, но quant e – sport limousine е дизајнирана да достигне брзина од 350 километри на час, само со помош на солена вода, а од Европската унија доби и одобрение за возење по јавните патишта.

По светската премиера во март на Саемот за автомобили во Женева, овие денови е потврдено дека технологијата на погон на солена вода официјално е дозволена за европските патишта.

avtomobil solena voda 1

Quant e – sport limousine користи таканаречен electrolyte flow cell power систем, благодарение на кој ова возило од 2,3 тони за 2,8 секунди може да забрза на 100 километри на час.

Технологијата е слична со онаа што се наоѓа во автомобилите на гориво, освен што како енергија користи солена вода. Течноста поминува низ мембраната меѓу двата резервоари, создавајќи електричен напон кој се складира и распоредува со помош на супер кондензатори.

kola solena voda

Автомобилот има два резервоара од по 200 литри во кои се чува водата, а со едно полнење може да се поминат 600 километри. Автомобилот е долг 5,25 метри, широк 2,2 и висок 1,35 метри, а иако не е официјално потврдено, се проценува дека цената може да биде околу еден милион евра.

NanoFlowcell AG, компанија од Лихтенштајн, стои зад овој футуристички автомобил и во следниот период ќе почне со тест возење на патиштата низ Европа со цел да се подготви за сериско производство.

kola solena voda 1